Информации за проектот

„21C-SDG“ e проект кој е финансиран од Еразмус+ програма и вклучува партнерство помеѓу: Данска, Кипар, Португалија, Италија, Латвија и Северна Македонија. Проектот започна во септември 2019 година и ќе заврши во август 2021 година.

Целта на проектот е да се зголемат вештините, компетенциите на учениците поврзани со алатките на 21 век и истовремено со целите за одржлив развој поставени од Обединетите Нации. Оваа цел ќе биде реализирана преку подготовка и поставување онлајн (виртуелно) материјали за учење и модули кои се однесуваат на следните цели за одржлив развој: 4, 5, 11,12,13 и 14. На овој начин учениците од 10 до 15 години ќе го подобрат нивното разбирање на моменталните oпштествени предизвици, како што се: животна средина, циркуларна економија итн.

Дигиталните материјали ќе се фокусираат на подобрување на вештините на 21 век, кои што се неопходни за успех и развој на младите луѓе во 21-от век.

Вештините вклучуваат: карактер, граѓанско општество, соработка, креативност и критичко размислување.

Примарна таргет група: ученици на возраст од 10-15 години

Секундарна таргет групанаставници

Интелектуални резултати

  • Резултат 1 – Развој на материјали за учење и модули 

Преку проектот ќе се развиваат 6 модули, по еден за секој од избраните цели за одржлив развој (квалитетно образование, родова еднаковост, одржливи градови и заедници, одговорна потрошувачка и производство, климатска акција, живот под вода).

  • Резултат 2 – Поставување на онлајн платформа 

Во рамки на проектот ќе биде поставена онлајн платформа, на која наставниците ќе имаат пристап до материјалите за учење.

  • Резултат 3 – Евалуација

Партнерството ќе ги оцени модулите и материјалите за учење и како / ако, тие ги подобриле знаењата на учениците за целите за одржлив развој и ги зајакнале нивните вештини поврзани со предизвиците на 21-от век.

Социјални медиуми:

Facebook: https://www.facebook.com/21CSDG/

Instagram account: 21csdg

EU disclaimer logo

Disclaimer:

The European Commission’s support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents, which reflect the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Телефонски: +38 923074120

E-пошта: ecologic.mk@gmail.com

Следете ги нас